МВП НА 14. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – МАРТИН ДИМОВСКИ (КЛ 7)

Ракометарот на КЛ 7 кој настапува на позицијата десен бек, Мартин Димовски е МВП на последното коло во Супер машката лига откако доби најголем број на гласови од читателите на 24Ракомет.

Младиот ракометар имаше одлично издание во последното коло така што си го обезбеди местото во Тимот на колото, а со тоа дојде до можност да гласаат за него, па тоа го донесе и до наградата за МВП на колото.

Во гласањето за 14. коло, Димовски доби над 50 проценти од гласовите со што беше далеку пред Кристијан Ристов од Радовиш. Ова беше и повеќе од доволно за да биде играч на последното коло од сезоната во Супер лигата.