МВП на 14 коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Лазар Адамовиќ (Вардар Неготино)

Десниот бек на Вардар Неготино, Лазар Адамовиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на последното, 14. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Искусниот ракометар со 11 погодоци и неколку поделени асистенции го водеше својот тим до победа над Куманово од 35:30.

Вардар Неготино со победата против Куманово избега од директно испаѓање од македонската елита, избори бараж дуел со прволигашот Драчево и успеа да го сочува суперлигашкиот статус за наредната сезона.

Српскиот интернационалец освои околу 43% од гласовите, а второпласираниот, голманот на Бутел Скопје, Бојан Блажески имаше околу 22% од вашите гласови.

Во трка за МВП на 14. коло беа уште Антонио Бурчески, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески, Петар Атанасијевиќ и Петар Бугариновиќ.