МВП на 13. коло од Супер машката лига – Ален Ќосевски (Вардар)

Десното крило на Вардар, Ален Ќосевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 13 коло од Супер машката лига.

Ќосевски освои околу 35% од гласовите, а второпласираниот Дејан Рикановиќ собра околу 23%од гласовите.

Десното крило на македонскиот шампион со 12 гола беше меѓу најзаслужните за триумфот над Куманово.

Во трка за МВП беа уште и Павле Петровиќ, Иван Џонов, Крсте Андоновси, Владимир Јевтиќ и Ивица Илиев.