МВП на 13. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Иван Галевски (Алкалоид)

Голманот на Алкалоид, Иван Галевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 13. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Кадетскиот репрезентативец беше меѓу клучните поединци на мечот што Алкалоид го доби против Еурофарм Пелистер 2.

Тој освои околу 40% од гласовите, а второпласираниот Вучко Мрвовиќ имаше околу 29% од вашите гласови.

Во трка за МВП беа уште и Реваз Чантурија, Филип Николов, Дејан Манасков, Жарко Пешевски и Страхиња Симиќ.