МВП на 10 коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Мартин Димов (Пролет)

Десното крило на Пролет, Мартин Димов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 10 коло од плеј-оф/аут од Супер машката лига.

Димов освои околу 48% од гласовите, а второпласираниот Мартин Ивановски собра околу 32% од гласовите.

Десното крило на Пролет, играше во одлична форма и во регуларниот дел од сезоната и во плеј-аутот.

Во трка за МВП беа уште и Тимур Дибиров, Филип Талески, Благојче Трајкоски, Михаил Аларов и Матео Мараш.