Маџовски и Стојковска пред три години го потпишаа „најважниот договор“, сега направија и свадба (ФОТО)

Ракометарите Борјан Маџовски и Симона Стојковска минатиот викенд имаа голем повод за славење и радосни моменти.

Тие направија свадбена веселба по повод бракот кој беше склопен пред скоро три години, а беа присутни голем број нивни соиграчи и колеги од ракометниот свет.

Борјан Maџовски е поранешен член на Металург, Борец и Пелистер, а во последните неколку години живее и игра во Германија.

Симона Стојковска е актуелна репрезентативка на Македонија и настапува во бундеслигашот Цвикау.

Претходно во Македонија настапуваше за Феникс и Металург, како и за ПАОК Солун, пред да замине во Германија.