Маџовска и Цвикау обезбедија опстанок во Бундес лигата

Тимот на Цвикау, каде што игра македонската репрезентативка Симона Маџовска, и следната сезона ќе игра во Бундес лигата.

Цвикау славеше две победи во бараж средбата против прволигашот Гепинген и го потврди опстанокот во елитната конкуренција.

На првата средба на домашен терен беше 26-23 за Цвикау, додека на гостински терен беше остварена нова победа со 30-27.

Маџовска се уште се опоравува од повредата и не можеше да им помогне на своите колешки во битката за опстанок.