Машкото финале за најдобрите: Николов и Начевски ќе ја судат битката за трофеј во Купот

Ракометната федерација на Македонија ги делегираше арбитрите за завршните турнир во Купот во машка и женска конкуренција.

Кај мажите, првото полуфинале меѓу Вардар и Металург, што ќе се игра в четврток од 16:30 часот, ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а делегати на овој дуел ќе бидат Душко Камишевски и Русе Наумовски.

Вториот полуфинален двобој меѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер, што се игра в четврток од 19:00 часот им е доверен на Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегати ќе бидат Љупчо Јаневски и Ацо Николовски.

Финалето ќе се игра в сабота, од 17:30 часот, а на тој дуел правдата ќе ја дели најдобрата судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Делегати ќе бидат Драган Начевски и Камер Металари.

Куп на Македонија, Ф4, мажи:

полуфинале, 13 мај
16:30 часот, Вардар – Металург
19:00 часот, Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер

финале, 15 мај
17:30 часот