Матлиески прозиваше – ГА КЛ 7 тргна во нова мисија „Враќање во Супер лигата“ (ФОТО)

Екипата на ГА КЛ 7 после една година во суперлигашкото друштво во новата сезона одново ќе се натпреварува во Првата лига, со изменет состав и со нов тренер. Денеска ги почна подготовките, а Никола Матлиески на прозивката имаше поголем дел од ракометарите на кои планира за новата сезона.

Поради обврски со репрезентацијата недостигаат неколку ракометари така што тие ќе се приклучат во вториот дел од подготовките. На првиот собир беа и дел од новите играчи меѓу кои и двајцата поискусни кои ќе бидат со двојна улога „играч-тренер“, Златко Даскалоски и Ивица Илиев.

Ракометарите беа запознаени од страна на претседателот на клубот за амбициите, а тие се враќање во Супер лигата. За да се успее во тоа ќе има веројатно уште еден до двајца нови играчи со оглед на тоа што претстои максимално тешка сезона во која неколку екипи ќе претендираат на првото место.

Тренинзите ќе бидат одработени во Скопје, а во плановите на тренерот Матлиески е да има неколку контролни натпревари. Веќе се договорени натпревари со Охрид и со Прилеп, а се договара и со други тимови од Супер лигата. Планирано е учество и на турнирот кој го организира тимот на Прилеп.

Прв тренинг на ГА КЛ 7

Екипата на ГА КЛ 7 денеска го одржа првиот тренинг со што беше означен стартот на подготовките за новта сезона во која тимот ќе се натпреварува во Првата лига. Новиот тренер Никола Матлиески на прозивката немаше неколку ракометари, но тие се оправдано отсутни поради тоа што дел од играчите се со кадетската репрезентација и ги очекува настап на ЕХФ шампионатот во Скопје. Тренинзите ќе се одработуваат во Скопје во следниот месец.

Пред Матлиески и ракометарите е голем предизвик и многу работа, па ќе треба да се одработи најдобро што може во сезоната која што следи за да се успее во намерата да се дојде до позицијата која води во Супер лигата.