Матиќ: Еурофарм Пелистер е цврст тим, во вториот дел немавме сили за пресврт

Унгарската Татабања загуби на гости во Битола кај Еурофарм Пелистер со 21-19 и останува на нула по пет одирграни натпревари во Лигата на Европа.

Гостинскиот тренер Владан Матиќ вели дека клучен момент на мечот беше плашливиот старт на неговите избраници.

„Започнавме исплашено и не го покажавме тоа што се договоривме во соблекувална, ниту тоа што го трениравме. Бевме подобри во вториот дел, но немавме сили за пресврт. Ова беше тежок меч, помалку квалитетен, повеќе борбен. Игравме против една цврста екипа, која денес покажа дека знае да игра во одбрана“, изјави Матиќ.

Двете екипи утре во истото време на истото место ќе го одиграат вториот меѓусебен натпревар.