Матеја Серафимова има нов клуб, кариерата ја продолжува во Австрија

Репрезентативката на Македонија, Матеја Серафимова после една година во шампионатот на Израел прави нова промена во кариерата и во новата сезона ќе настапува во првенството на Австрија.

Новиот клуб на Серафимова се вика, Егенбург. Станува збор за екипа која се натпреварува во најсилната лига на Австрија, а во последната сезона заврши на 8. позиција.

Со Серафимова тимот на Егенбург добива квалитетно засилување на голманското место. Сигурно со неа ќе има можност за подобар пласман во новата сезона така што едно е сигурно, а тоа е дека Серафимова сега е поблизу до Македонија и полесно ќе може да доаѓа на репрезентативните собири со оглед на тоа што останува нешто повеќе од една година до Европското првенство.

Матеја Серафимова својата кариера ја почна во редовите на Металург, а во својата кариера играше и за Паок (Грција), Славија Прага (Чешка), Ринкобинг (Данска) и во минатата сезона во Макаби Аразим Рамат Ган во Израел.