Мастер коуч друштвото се зголеми – лиценца доби Томе Петрески

Се зголемува бројот на македонски тренери кои можат да се пофалат со Мастер Коуч лиценца, а меѓу нив се најде и Томе Петрески.

Некогашниот репрезентативец беше дел од предавањата кои започнаа со првиот модул во Виена за време на Европското првенство.

Прилепчанецот успешно ги заврши сите модули и веќе е во друштво на Стевче Алушовски, Андон Бошковски, Бранислав Ангеловски, Радослав Стојановиќ, Ацо Јовиќ….

Петрески минатата полусезона беше тренер во Тиквеш од Кавадарци, а претходно седеше на клупата на француските екипи Оријак, Ла Рош и Реикс, мароканската Молудиа, косовската Беса, како и Пелистер и Прилеп.