Мартин дебитираше на клупата, Шпанија ремизира со Романија

Амброш Мартин го имаше селекторското деби на клупата на Шпанија, која е еден од ривалите на Македонија во квалификациите за ЕП 2024 година.

Шпанија гостуваше кај селекцијата на Романија и одигра нерешено, 30-30, иако на полувремето водеше со 16-14.

Во составот на Мартин најдобар стрелец беше Елизабет Сесарео со седум погодоци, а меѓу подобрите беа и Алисија Фернандез, Лара Гонзалез и Миреја Гонзалез.

Селекциите на Романија и Шпанија ќе одиграат уште еден пријателски натпревар на 29 јули.

Македонија, пак ќе се сретне со Шпанија на 28/29 февруари 2024 во Скопје, додека реваншот е на гостински терен на 2/3 март.