Мариќ oд Металург промовиран во Австрија: Ќе дадам сè од себе да освоиме титула

Ракометарот кој го напушти Металург во зимската пауза, Маријан Мариќ кариерата ја продолжува во австрискиот тим Алпла Хард. Интернационалецот од Хрватска се очекува да биде големо засилување за клубот особено во одбрана, но и во нападот.

Мариќ се очекува своето деби во дресот на Алпла Хард да го има на претстојниот дуел против Линц кој ќе се одигра во сабота на 13 февруари. Задоволството од овој трансефер очигледно е обострано бидејќи и ракометарот и раководството на клубот имаа само убави зборови едни за други.

„Многу сум среќен и задоволен што сум тука, има добра атмосфера во клубот, а исто така и добар тим. Со нетрпение очекувам подобро да ги запознаам моите нови соиграчи и сите во клубот во претстојниот период. Тимот е квалитетен на теренот, со позитивни резултати и секогаш е во врвот на табелата. Целта во оваа сезона е освојување на шампионската титула, ќе дадам се од себе да му помогнам на клубот заедно да ја остариме оваа цел“, рече Мариќ за клупскиот сајт.

Истоа така и управниот директор на Алпла Хард, Маркус Киберле не го криеше задоволстовото од ангажманот на храватскиот ракометар.

„Сакавме да го прошириме ростерот на играчи заради проблемите со коронавирусот и да им дадеме можност за повеќе одмор на играчите. Марјан е вистинскит ракометар кој ни беше потребен. Среќни сме што можевме да го ангажираме, тој одлично се вклопи во тимот за многу кратко време. Неговите цели се високи што совршено се вклопува со целите на клубот“.

Мариќ беше година и пол во тимот од Автокоманда и остави солиден впечаток, иако владее мислењето дека не беше докрај искористен неговиот потенцијал. Тој е брат на хрватскиот репрезентативец Марино Мариќ, кој игра за бундеслигашот Мелсунген.