Мандалиниќ со порака: За да успееш, желбата за успех мора да биде поголема од стравот од неуспех (ФОТО)

Еурофарм Пелистер славеше над ГОГ Гудме со 32-31 во драматичен натпревар и се доближи до осминафинале во Лигата на Европа.

Во ростерот на битолчани за овој дуел беше хрватскиот ас Стипе Мандалиниќ, но поради повреда на стомачниот ѕид не можеше да му помогне на тимот.

Тој беше поддршка од клупата и по големата победа на „фармацевтите“ се огласи на социјалните мрежи.

„За да успееш, твојата желба за успех мора да биде мора да биде поголема од стравот од неуспех“, напиша Мандалиниќ.

Хрватот би требало да биде на терен за дуелот со Рајн Некар Левен што ќе се игра во вторник на 23 февруари.