Мандалиниќ: Сите вардарци се опасни кога се мотивирани, но во Битола…

Дербито на сезоната се игра во Битола каде што Еурофарм Пелистер ќе го пречека составот на Вардар во дуел од 15. коло во Супер лигата.

Еден од клучните ракометари во составот на Еурoфарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ мисли дека овој двобој нема да одлучи ништо и за 24Ракомет го најави дербито.

„Мислам дека сме во одлична форма и играме многу добро. Дерби натпреварите секогаше се од големо значење, мислам дека ќе победи екипата која повеќе ќе ја сака победата. Многу ги значи што ќе имаме поддршка од навивачите, тие се нашиот осми играч. Не е исто кога играме пред нашите навивачи за разлика кога не се на трибините. Овој дуел нема да одлучи ништо, во спортот се е можно и во тоа се имаме уверено повеќепати. Сите играчи на Вардар се опасни кога се максимално мотивирани, но во Битола се прашуваме и ние нешто. Во секој случај ова ќе биде празник за македонскиот ракомет“, рече Мандалиниќ.

Натпреварот се игра со почеток во 18 часот во салата Боро Чурлевски, сите билети кои беа пуштени во продажба се продадени.