Манасков ја одржува гол формата

Репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков останува во добра форма сезонава, а тоа го потврди и на дуелот против Орошази во првенството на Унгарија.

Во победата на Веспрем од 37:20 тој беше еден од поефикасните во тимот. Со оглед на тоа што ја делеше минутажата со Штрлек тој својот период на теренот го заврши со шест погодоци со кои беше трет стрелец во Веспрем.

Ова е само потврда дека работите одат во посакуван правец и дека Манасков игра во одлична форма во овој дел од сезоната така што ова е секако добра вест и за репрезентацијата на Македонија.

Веспрем доминира и сезонава во првенството на Унгарија така што е јасно дека и во овој шампионат нема да има одредени проблеми односно ќе продолжи со титулите.