Манасков со порака до Столе и Жути: МАНГУПИШТА, ЌЕ ФАЛИТЕ…(ФОТО)

Натпреварот што машката репрезентација на Македонија го доби против Чешка за пласман на СП со 27-25, беше последен во националниот тим за две легенди.

Столе Стоилов и Филип Миркуловски го одиграа својот последен натпревар, а левото крило Дејан Манасков, кој играше со двајцата им упати порака на социјалните мрежи.

„Што да кажам за вас двајца, ако тргнам да пишувам ќе ми требаат неколку дена. Ми беше чест и задоволство што заедно ги делевме и добрите и лошите моменти во репрезентацијата сите овие години. Сите победи и порази, сите наши заеднички дружења. Фала ви за се, мангупишта. Ќе фалите“, напиша Дејан Манасков.

Тој не беше дел од двете последни репрезентативни акции, но се очекува да се врати за квалификации за ЕП 2024 и за СП 2023.