Манасков се снаоѓа и со баскет – подготвен e за НБА лигата (ФОТО)

Додека трае Светското првенство во Египет ракометарите кои не се со своите репрезентации се вратија на обврските во клубовите после зимската пауза.

Дејан Манасков не е со репрезентацијата на Македонија на првенството во Египет и со останатите колеги во Веспрем ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната и предизвиците во домашното првенство и Лигата на шампионите.

Избраниците на Давид Дејвис на последниот тренинг играа кошарка, а фотографиите ги споделија на социјалните мрежи.

Според описот на клубот кој го споделија на Фејсбук, Дејан Манасков и останатите ракометари на Веспрем се подготвени дури и за повик од НБА лигата.