Манасков: Не сакав ваков крај со Веспрем…(ФОТО)

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, не го криеше големото разочарување откако со екипата на Веспрем не успеаја да ја освојат националната титула во Унгарија.

Иако го освоија Купот на Унгарија, сепак, ракометарите на Веспрем не стигнаа до шампионската титула. ПИК Сегед со гол во последната секунда успеа да ја одбрани титулата од минатата сезона.

Натпреварот против ПИК Сегед беше последен домашен натпревар за Манасков бидејќи од следната сезона левото крило на Македонија ќе има нов клуб.

Манасков преку социјалните мрежи им се заблагодари на фановите на Веспрем за големата поддршка.

,,Ова не беше начинот на кој сакав да заврши мојата последна домашна средба со Веспрем. Сакам да им се заблагодарам на фановите за целосната доверба во изминатите пет години кои ги минав тука. Никогаш нема да го заборавам времето во Веспрем. Благодарам „Веспрем Арена“, довидување“, напиша Манасков на социјалните мрежи.

Екипата на Веспрем следниот викенд ќе има уште еден голем предизвик, ќе настапи на Ф4 турнирот во Келн. Противник во полуфиналето на Веспрем е составот на Келце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Manaskov (@dmanaskov)

ШОК во последната секунда за Веспрем – ПИК Сегед останува на унгарскиот трон!