Манасков и Лазаров одлични, Веспрем со два бода од Нант

Дејан Манасков одигра одличен натпревар против Нант на Кирил Лазаров, а Веспрем се врати со победа од 28:24 од гостувањето во Франција. Составот на Веспрем имаше одлично второ полувреме така што успеа да стартува како што посакува во новата сезона од Лигата на шампионите.

Во поголемиот дел од натпреварот Веспрем беше во водство. Немаше проблеми за да се избори за триумф така што на крајот дојде и до лесни бодови.

Ова беше ден за македонските интернационалци кои имаа одлична вечер. И двајцата беа нејаефикасни во своите тимови. И Лазаров и манасков реализираа по петпати така што имаа одличен придонес во играта на своите тимови.

Сепак, помладиот Манасков можеше да се израдува и на бодови од овој натпревар, а Лазаров и колегите ќе бараат шанса на следните натпревари.