Манасков и Веспрем налетаа на Келце, ќе го скрши ли малерот унгарскиот тим?

Денеска во Виена беа извлечени полуфиналните двојки на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Македонски претставници ќе бидат Дејан Манасков и Димитар Маневски со унгарскиот гигант Веспрем, кои ќе се соочат во полуфиналето со полскиот Келце.

Веспрем досега четири пати стигннуваше до финалето, но ниту еднаш не успеа да го подигне шампионскиот пехар.

Во 2002, 2015, 2016 и 2019, кога загуби од Вардар, Веспрем имаше шанса за трофеј, а сега ќе го има петтиот обид на Ф4, но пред себе ќе има тежок ривал.

Натпреварите од Ф4 во Лигата на шампионите ќе се играат на 18 и 19 јуни во „Ланксес Арена“ во Келн.