Македонци ќе го отворат Мундијалот во салата на европскиот првак

Македонската судиска двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски го добија првото делегирање на младинскиот Мундијал.

Нашите арбитри ќе ја делат правдата на мечот меѓу Фарски Острови и Ангола во салата на европскиот првак Магдебург – „Гетек Арена“.

Од денеска па до 2 јули во Хановер, Берлин и Магдебург во Германија, како и во Атина во јужниот сосед на Македонија ќе се игра СП.

32 селекции од целиот свет ќе се борат за одличја, а вторпат во историјата на ова натпреварување домаќини се две земји.

Единствени претставници на Македонија се Божиновски и Начевски.