Македонците со Тримо Требње до дерби триумф над Копер

Ракометарите на Тримо Требње во дерби дуелот против Копер дојдоа до посакуваните бодови откако обезбедија победа со два гола разлика, 29:27, во натпревар од 19. коло во словенечкиот шампионат.

Во победничката екипа предводена од Урош Зорман, солиден настап имаа македонските интернационалци, Тоше Ончев и Милан Лазаревски.

Ончев повторно беше меѓу клучните играчи во составот на Тримо Требње и натпреварот го заврши со четири постигнати погодоци. Поранешниот ракометар на Металург, Милан Лазаревски, двапати се запиша во листата на стрелци.

Со новите освоени бодови, Тримо Требње ја задржа втората позиција на табелата. Моментално, лидер во шампионатот на Словенија е Целје, кој има 37 бодови, односно шест бода повеќе од второпласираниот Тримо Требње.

Во следното коло, ракометарите на Урош Зорман ќе играат со екипата на Ормож.