Македонците со Кастриоти до убедлива победа против Дечани

Екипата на Кастриоти, која е предводена од македонскиот тренер Аце Станковски, во натпревар од 3. коло од шампионатот на Косово забележа убедлива победа против составот на Дечани со 36:18.

Во победничката екипа меѓу најефикасните играчи беше кружниот напаѓач од Македонија, Кристијан Анастасовски, кој во противничката мрежа постигна пет гола и одлично ја заврши својата задача во одбраната.

Вториот ракометарот од Македонија во редовите на Кастриоти, средниот бек Борис Ристовски, исто така имаше солиден натпревар, постигна три гола и подели неколку асистенции кон своите соиграчи.

Кастриоти во претходното коло беше поразен од актуелниот косовски шампион, Беса, со 31:18, додека на стартот го доби дерби дуелот против повратникот во косовската елита, тимот на Вучитрин, со 29:27.