Македонски стратег ќе работи на Фарски Острови!

Еден од првите македонски тренери кои добија Мастер Коуч лиценца, Борче Марковски, ќе има нов предизвик во кариерата.

Битолчанецот кој во последните две години работеше во школата на капитенот Кире Лазаров, КЛ7, се сели на Фарски Острови и ќе го води тимот на СТИФ.

Марковски претходно работеше во машкиот и женскиот тим на Пелистер, а успеа да ја однесе и женската младинска репрезентација на Европско првенство.

Тој ќе биде еден од малкуте македонски стратези што ќе работи во странство по Марјан Колев, Звонко Шундовски, Благојче Крстев, Ацо Јоновски, Рубин Кузманоски…