Македонски голмански двобој во Израел – Паскал и Петковска главни на теренот

Интернационалките од Македонија, Драгана Петковска и Бисера Паскал, кои во оваа сезона настапуват во шампионатот во Израел имаа меѓусебен дуел.

Во рамки од 7. коло од тамошниот шампионат, Бнеи Херцлија, во која брани екс голманката на Куманово и Металург, Бисера Паскал го доби дуелот против Макаби Ришон Ле Зион, екипа во која брани екс голманката на Вардар, Драгана Петковска.

Бнеи Херцлија триумфираше со четири гола разлика, 29:25, а голема заслуга за победата имаше Бисера Паскал, која забележа по пет одбрани во првиот и вториот дел и натпреварот го заврши со десет интервенции.

На спротивната страна Драгана Петковска имаше девет одбрани, кои беа недоволни за поволен резултат на нејзината екипа.

Во шампионатот на Израел ќе има пауза до 26 јануари, а потоа ќе продолжат битките за титулата, како и за местата, кои што водат во Европскиот Куп.