Македонскиот клупски ракомет е во европскиот врв – заедно со унгарскиот, францускиот и германскиот!

Во групната фаза од двете најсилни европски натпреварувања, Лигата на шампионите и Лигата на Европа оваа сезона ќе играат вкупно 40 екипи, 16 во ЛШ и 24 во ЛЕ.

Вкупно 20 држави имаат свои претставници меѓу овие 40 екипи во двете натпреварувања, но само четири од нив имаат повеќе од два претставника!

Франција и Германија имаат по пет тима (Фуксе Берлин, Рајн Некар, Кил, Фленсбург,  Магдебург, ПСЖ, Нант, Монпелје, Тулуз и Ним), додека Унгарија и Македонија имаат по три екипи во Европа (Металург, Вардар, Еурофарм Пелистер, Веспрем, ПИК Сегед и Татабања).

Шпанија, Полска, Данска, Хрватска, Португалија, Шведска, Словенија и Русија имаат по два тима во ЛШ и ЛЕ, додека сите останати само по еден претставник.

Листа на држави кои имаат претставници во ЛШ и ЛЕ:

Германија – 5
Франција – 5
Македонија – 3
Унгарија – 3
Шведска – 2
Шпанија – 2
Полска – 2
Португалија – 2
Хрватска – 2
Русија – 2
Данска – 2
Словенија – 2
Белорусија – 1
Романија – 1
Украина – 1
Швајцарија – 1
Словачка – 1
Турција – 1
Австрија – 1
Норвешка -1