Македонска арбитража за „македонското“ дерби во Лигата на шампионите

Во четврт-финалето од Лигата на шампионите во машка конкуренција на еден од дуелите ќе има македонски двобој бидејќи Кирил Лазаров ќе се соочи со Дејан Манасков на падот кон Ф4 турнирот.

За оваа средба е делегирана најдобрата судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Тие ќе го судат натпреварот кој ќе се игра во Франција на 13 мај, додека реваншот е на 20 мај во Веспрем.

Ова е нов одличен натпревар за најдобрите судии од Македонија така што продолжуваат да бидат дел од елитата во Европа и секогаш дел од најквалитетните натпревари.

Инаку, Нант е домаќин на првата средба така што ова ќе биде сигурно интересен двобој на кој и едниот и другиот тим ќе имаат што да покажат. Дефинитивно еден Македонец ќе има сигурно на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн.