Македонската снаа ја прекинува репрезентативната кариера

Една од најдобрите ракометарки во светот, Едуарда Аморим Талеска објави дека ја прекинува својата репрезентативна кариера. Одлуката за напуштање на бразилската репрезентација, Аморим Талеска ја соопшти преку социјалната мрежа Инстаграм.

Ракометарката од Бразил која од 2006 до 2009 година го носеше дресот на Кометал ЃП со својата репрезентација има освоено златен медал на Светското првенство во 2013 година и голем број на златни титули со нејзиниот поранешен клуб Ѓер.

„Здраво на сите! Многу луѓе ме прашуваа за кариерата во националниот тим. Донесов одлука да ја суспендирам. Не планирам да учествувам во следниот олимписки циклус, па затоа е подобро да им отстапам место на другите. Јас го ценам вашето внимание, кога ќе одлучам да дадам официјална изјава, ќе ја објавам тука и ќе дознаете за сите детали “, напиша Аморим Талеска.

Македонската снаа во репрезентацијата на Бразил е членка од 2006 година. Од оваа сезона настапува за еден од најдобрите клубови во Европа, Ростов Дон.

Фото: Еударда Аморим/ Инстаграм