Македонката продолжува да ги полни мрежите во Швајцарија

Македонската интернационалка Симона Гроздановска повторно имаше одлична партија во шампионатот на Швајцарија.

Искусната ракометарка, која во последните две сезони е најдобар стрелец во Швајцарија, заедно со Винтертур славеа победа против Амичитија Цирих со 32:31.

Гроздановска беше меѓу најефикасните во победничката екипа, имаше седум гола од 10 обиди и покрај одлична игра во нападот, одигра на висина на задачата во одбраната.

Екипата на Винтертур моментално се наоѓа на 3. позиција на табелата со биланс од пет победи, едно реми и четири порази.