Македонките славеа во Грција – станаа шампионки со ПАОК

Интернационалките од Македонија, Александра Боризовска и Сања Дабевска, заедно со екипата на ПАОК ја освоија шампионската титула во Грција.

ПАОК и оваа година остана без голема конкуренција и успеа петти пат по ред да ја освои титулата.

Ривал на клубот од Солун во финалето беше екипата на Неа Јонија, која успеа само да добие еден дуел во финалната серија.

ПАОК победи во последниот натпревар со 23-15, и со вкупни 3-1 во победи ја доби серијата.

За МВП во последниот финален натпревар беше избрана екс репрезентативката на Србија, Катарина Томашевиќ.