Македонките се враќаат со трофеј – ПАОК нема конкуренција во јужниот сосед (ФОТО)

Екипата на ПАОК славеше над Вериа со 28:22 во вториот натпревар од финалната серија во шампионатот на јужниот сосед, а тоа значеше и освојување на титулата оваа сезона.

Првиот одигран натпревар во Солун заврши со убедлива победа за екипата на ПАОК со резултат 32:18. Во текот на сезоната, ПАОК немаше големи проблеми во битката за титулата.

Во денешниот натпревар кој беше само формалност, настапија трите македонски интернационалки – Дајана Јовановска, Марија Николиќ и Андреа Белеска.

Јовановска и Белеска постигнаа по три гола, додека Николиќ стрелаше два пати во противничката мрежа.