Македонија ќе игра на Бадник и Божиќ

По двете пријателски средби против Црна Гора, на која не беше во комплетен состав, машката репрезентација на Македонија ја очекуваат уште две проверки пред стартот на Полска и Шведска.

Нашите ракометари предводени од селекторот Кире Лазаров ќе настапт на „ХЕП Купот“ во хрватскиот град Пореч каде ќе играат пријателски натпревари против домаќинот и Израел предводен од екс селекторот на Македонија, Драган Ѓукиќ.

Oд 6-8 јануари ќе се игра секој ден по еден натпревар. Македонија против Хрватска ќе игра на Бадник, додека следниот ден на Божиќ ќе се соочи со селекцијата на Израел. На последниот ден од мини турнирот ќе играат Хрватса и Израел.

Македонија во првиот контролен натпревар славеше против Црна Гора со 38-33, додека на вториот меч загуби минимално со 31-30.

Избраниците на Кире Лазаров се во група со Норвешка, Холандија и Аргентина, а натпреварите ќе се игра во „Таурон Арена“ во Краков.