Македонија Ѓорче Петров триумфално во Кичево

Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров триумфираа над Кичево 2020 со резултат 40:30 во спорската сала „Јанчица“ во плеј-аут натпреварувањато од Првата машка лига.

Со голем број на голови и без одбрана гостите од Скопје беа подобар противник и заслужено ги освоија бодовите. Отпорот на домашната екипа траеше само во првите десетина минути. Триото на Македонија Ѓорче Петров, Никодинковски, Стојановски и Иванов резултатски ја одржуваа својата екипа во водство.

На полувреме гостите од Скопје водеа со 19:16, а победникот стана јасен  при резултат 35:26.

Најефикасен ракометар во редовите на Македонија Ѓорче Петров беше Кристијан Стојановски со девет голови. Во домашната екипа предводена се истакна Владимир Новески со осум погодоци.

Во следното коло екипата на Кичево ќе ги одмери силите со Партизан во Гевгелија. Македонија Ѓорче Петров на свој терен го пречекува Текстилец.