Македонија, Шпанија, Германија…Кањелас додаде уште една „ѕвездичка“ во колекцијата (ФОТО)

Ракометарите на ПИК Сегед ја прекинаа доминацијата на Веспрем во првенството на Унгарија и во финалниот двомеч беа подобри од големиот ривал со што ја освоија титулата после триумфот и на гостувањето од 36:37.

Шпанецот во дресот на ПИК Сегед, Жоан Кањелас кој настапуваше и во Вардар и стана шампион на Европа после финалето и освоениот пехар за шампион на Унгарија објави фотогрфија на социјалните медиуми каде што се пофали дека има освоено четири титули од различни национални првенства.

Кањелас бил шампион на Шпанија, Германија, Македонија и сега на Унгарија. Овој успех Шпанецот го окарактеризира како остварување во видео игра каде што ги обедили титулите од овие четири земји.

Ка