Македонија трета година по ред без претставник кај дамите, Куманово не доби место во ЛШ!

Откако тимот на ЖРК Вардар го одигра финалето на завршниот турнир во сезоната 2017/2018, Македонија трета година по ред нема да има претставник во најелитното женско клупско натпреварување.

Тимот на Куманово аплицираше за учество, но Европската ракометна федерација не ја прифати апликацијата, па на кумановки им останува сега да се пријават за Лигата на Европа.

ЕХФ ги прифати апликациите на ЧСМ Букурешт, ЦСКА Москва, ФТЦ, Битигхајм, Подравка, Крим и Брест Бретањ, а беа одбиени оние на Куманово, Сторхамар, Бањик Мост и Кастамону.