Македонија денеска ги дознава ривалите на патот до ЕП 2024

Денеска во Цирих ќе се одржи ждрепката за квалификациските групи за ЕП 2024, а  женската репрезентација на Македонија ќе се најде во вториот шешир и ќе избегне неколку силни ривали како Романија, Србија, Словенија…

Во квалификациите ќе играат 31 репрезентација, а не планираните 32, бидејќи се повлече Велика Британија.

Од првиот шешир ќе добиеме силен ривал, а од третиот шешир би било добро ако ја избегнеме Украина, која не елиминираше во баражот за СП, како и Турција и Португалија. Против која и да било селекција од последниот шешир нема да имаме проблеми.

Место на континенталниот собир ќе обезбедат прво и второпласираните од осумте квалификациски групи, како и четири најдобри третопласирани селекции. Таму веќе се пласирани шампионот Норвешка, како и организаторите Швајцарија, Австрија и Унгарија.