Македонија тргна со пораз на ЕП

Женската репрезентација на Македонија во ракомет на плажа со пораз го започна настапот на Европското првенство во португалскиот град Назаре.

Подобра од Македонија беше селекцијата на Украина, која славеше со 2-0 во сетови со убедлив резултат.

Првиот сет го загубивме со 20-8, додека во вториот сет бевме поконкурентни барем на стартот, но и тој го доби ривалот со 23-16.

Ана Марија Божиновска имаше шест поени, додека Јанкуловска, Гулицоска, Диневска и Маркоска имаа по четири.

За Македонија денеска ќе има уште еден предизвик од 15:00 часот против Холандија, додека последниот меч е утре од 13:00 против Португалија.