Македонија со 18 ракометари на двобојот против Србија

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров се одлучи за 18 ракометари за двата дуели против селекцијата на Србија кои ќе се одиграат во Ниш утре и задутре.

Ова е проверка за момците кои би требало да се наметнат и да си обезбедат место и за следните собири на националниот тим така што минатите неколку дена беа можност за убедување на селекторот дека ракометарите го заслужуваат местото.

Од списокот отпаднаа Никола Стоилевски, Иван Димитровски, Марко Митев, Павле Атанасијевиќ, Давид Савревски и Христиjaн Крстаноски, па во Србиja се патува со 18 ракометари.

Србија исто како и Македонија е во комбиниран состав и селекторот Тони Херона ќе има можност исто така да провери дел од ракометарите така што ќе биде доста интересно на теренот и на двете средби.

Натпреварите ќе се одиграат во Ниш. Утре натпреварот се игра со почеток во 18, а в недела од 16 часот.