Македонија со втор пораз, Симиќ беше загатка без решение

На вториот натпревар на Европското првенство репрезентацијата на Македонија го претрпе и вториот пораз откако од почетокот до крајот против Црна Гора беше во негатива, а епилогот беше изразен со четири гола негатива и резултат од 24:28.

Од почетокот на средбата беше тешко да се следи ритамот на Црногорците кои го зададоа првиот удар бидејќи успеаја да поведат брзо со 4:0. Репрезентативците на Македонија тешко следеа и само Серафимов на стартот успеваше да погоди и да ја одржува Македонија. Сепак, негативата отиде дури до пет гола пред да почне засилувањето на ритамот.

Идејата во нападот конечно се разбуди во втората половина на првото полувреме кога после неколку измени во составот дојдоа неколку погодоци и поцврста одбрана, па се фати приклучок.

Во завршницата на првото полувреме се дојде до негатива од два гола, па и до еден погодок, но шансата за израмнување не беше искористена така што противникот успеа да замине на одмор со водство. Македонија имаше 16:17 што беше најава дека во продолжение ќе мора да се крене ритамот.

Првото израмнување на средбата дојде на почетокот на второто полувреме. Реализацијата беше за 17:17, но потоа одново се дозволи противникот да се разигра. Неколку грешки, некоја одбрана на Симиќ беа причина за Црна Гора одново да дојде до плус три. Иако се бараше шанса за нов приклучок, сепак, не се користеше најдобро просторот.

Дури и кога ќе се добиеше чист простор за шут, Симиќ беше тој кој беше пречка која не можеше да се помине. Голманот на Црна Гора се разбрани и не дозволи Македонија да се врати. Имаше малку погодоци во вториот дел што беше и за очекување после 33 гола во првите 30 минути така што беше навистина тешко да се направи пресврт.

Во целата ситуација добро беше што Митревски одигра расположено и успеа да врати со некоја одбрана. Сепак, во финишот немаше решение за ништо особено за голманот на Црна Гора дури и од ситуации од кои е потешко да се промаши отколку да се погоди така што на крајот беше 24:28 што ја остави Македонија без шанса за втор круг.

15 јануари 2022
24 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
15 јануари 2022 19:40 EURO22 A 2021/2022 15.01.2022 60'

Место

„ФЕНИКС ЧАРНОК“ ДЕБРЕЦЕН

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МАКЕДОНИЈА1624Пораз
ЦРНА ГОРА1728Победа

МАКЕДОНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никола Митревскиголман00
4Мартин Велковскидесен бек06
8Цветан Кузманоскилево крило05
9Игор Ѓоргиевцентрален бек00
11Филип Талескилев бек11
12Мартин Томовскиголман00
13Филип МиркуловскиСреден бек02
14Кристијан Симоноскипивот00
18Филип Кузмановскилев бек03
19Ненад Костескидесно крило01
22Гоце Георгиевскидесно крило01
25Горан Крстевскицентрален бек00
33Жарко Пешевскипивот02
66Бојан Маџовскилево крило00
77Мартин Серафимовдесен бек03
97Марко Мишевскилев бек10
 Вкупно 224

ЦРНА ГОРА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никола Матовиќголман00
2Филип Вујовиќлево крило10
8Вук Лазовиќпивот10
9Радојица Чепиќцентрален бек01
11Бранко Вујовиќдесен бек04
13Мирко Радовиќдесен бек02
14Милош Вујовиќлево крило06
16Небојша Симиќголман00
17Василије Калуѓеровиќлев бек00
18Небојша Симовиќпивот00
21Васко Шеваљевиќлев бек15
23Божидар Симиќцентрален бек00
25Марко Ласицадесно крило02
26Ристо Вујачиќдесен бек10
32Божо Анѓелиќцентрален бек16
90Немања Грбовиќпивот02
 Вкупно 528

ЕП 2022, ГРУПА А – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФРАНЦИЈА32105
2ГЕРМАНИЈА32014
3МАКЕДОНИЈА31022
4ШВАЈЦАРИЈА30121