Македонија против Србија ќе се бори за бронза

По одигрувањето на второто полуфинале на Медитеранските игри во Алжир, познат е ривалот на Македонија во борбата за третото место.

Противник на избраниците на Кире Лазаров ќе биде селекцијата на Србија, која загуби во полуфиналето од Шпанија со 42-38.

Иако Србите беа рамноправни во голем дел од мечот, сепак попуштија во вториот дел кога Шпанците направија плус пет гола предност и до крајот рутински ја завршија работата.

Претходно во првото полуфинале, нашата репрезентација беше високо поразена од Египет со 34-20.

Натпреварот меѓу Македонија и Србија ќе се игра в четврток од 12:30 часот, кога ќе биде познат освојувачот на бронзата, а за злато ќе се борат Шпанија и Египет.