Македонија повика нов играч во Полска: Јагуриновски има скинати мускулни влакна

Томислав Јагуриновски нема да настапни најмалку на следните два натпревари на СП во Полска поради повреда, а во репрезентацијата е повикан нов играч од Скопје. По направените прегледи утврдено е дека Јагуриновски има скинати мускулни влакна и мора да одмара.

На пат кон Краков е веќе Давид Савревски, десниот бек на Вардар кој остана во Скопје, но сега ќе треба да му помогне на тимот во следните натпревари од групната фаза против Норвешка и Аргентина.

Јагуриновски се повреди при крајот на првото полувреме на дуелот против Норвешка. По тој дуел тој веќе не влезе во игра, и на раце беше изнесен од игра. Потоа заврши на прегледи во болница каде е утврдено за каква повреда станува збор.

Во Краков во моментов има 18 ракометари, а Савревски ќе биде 19 во националниот состав.

Утре нашата репрезентација игра против оландија, а два дена подоцна и против Аргентина, меч што може да биде решавачки за пласман во следната фаза од Сп.