Македонија од втор шешир кон Европското првенство во Унгарија и Словачка

Машката сениорска репрезентација на Македонија по баражот за Светското првенство во Египет во јуни, во ноември ќе ги одигра и првите два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022 година.

Покрај домаќините, директно пласирани се и финалистите на ЕП 2020, Хрватска и Шпанија, додека 32 селекции ќе се борат за преостанатите 20 места. Меѓу нив и репрезентацијата на Македонија.

Иако се уште не е официјално потврдено од страна на ЕХФ, нашите сениори би требало да се најдат во вториот шешир пред ждрепката во април, а тоа значи дека ќе ги избегнат селекциите на Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија.

Од првиот шешир изборот не е премногу голем, но било идеално ако ги добиеме Чешка или Исланд на пример. Од третиот шешир има неколку нагазни мини како Швајцарија, Полска и Украина, додека од четвртиот сеедно е која селекција ќе ни биде ривал.

Ждрепката е закажана за 23 мај во Братислава, додека квалификациите почнуваат во ноември со првиот циклус од два меча, потоа продолжуваат во март и јуни следната година.

шешир 1: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд
шешир 2: Австрија, Белорусија, Португалија, Македонија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија
шешир 3: Швајцарија, Литванија, Романија, Босна и Херцеговина, Украина, Летонија, Полска и Белгија
шешир 4: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово и Фарски Острови