„Македонија не е врвна репрезентација, ќе ја победиме ако играме како против Данска“

Машката репрезентација на Македонија ја очекува последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Ривал ќе биде Швајцарија, која мора да слави во Скопје, ако сака да се надева на место на континенталниот собир.

Најдобриот швајцарски ракометар, Енди Шмид, вели дека нема да биде лесно против нашата селекција.

„Уживам додека играм за националниот тим. Сега е време да направиме уште еден мал чекор напред. Само малку ни фали да бидеме одличен тим. Ако одиграме како против Данска, сигурно ќе ја победиме Македонија, иако ни е јасно дека тоа ќе биде сосема поинаков натпревар“, вели Шмид.

Лукас Меистер е убеден дека ќе слават во Скопје.

„Македонија не е врвна репрезентација. Ние покажавме за што сме способни. Ако сите го оставиме срцето на терен и дадеме максимум, тогаш сигурно ќе победиме“, вели Меистер.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.