Македонија немаше среќа, патот до Египет ќе биде пеколно тежок

Лошиот пласман на последното Европско првенство ја чинеше Македонија пад во вториот шешир во ждрепката за баражите за Мундијалот во Египет, па мисијата за пласман на ова Светско првенство станува пеколно тешка.

На ждрепката која на 9 март ќе биде извршена во Виена, Македонија ќе се најде во вториот шешир така што веќе е сосема извесно дека тука ќе нема многу простор бидејќи дефинитивно ќе биде добие силен ривал против кој е биде навистина тешко да се обезбеди пласман на СП.

Македонија е највисоко во вториот шешир, а само една позиција подобар пласман на СП ќе значеше и место меѓу оние кои се најдоа во првиот шешир така што дефинитивно ќе биде тешко во баражот во јуни.

Ждрепката е закажана за 9 март во 19 часот, па тогаш ќе се знае кој ќе биде ривалот за Македонија за дуелите на почетокот на јуни.

ПРВ ШЕШИР: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција.

ВТОР ШЕШИР: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/БиХ, Полска/Литванија, Израел/Летонија.