Македонија на 29 март се „сели“ во „Јане Сандански“

Натпреварот од 4. коло од квалификациите за Европското првенство против Португалија место стандардно во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде одигран во СЦ „Јане Сандански“.

Ваква промена беше очекувана бидејќи на 29 март има натпревар во танцување во салата каде што обично своите натпревари ги одигрува репрезентацијата на Македонија.

Сепак, ова не е голема промена, па ракометарките ќе бидат само некој километар подалеку од досегашното место каде што тренираа и играа натпревари. И во „Јане Сандански“ сигурно ќе имаат одлични услови, па останува против Португалките да го покажат најдоброто.

Средбата е предвидена да биде одиграна на 29 март од 18 часот. Претходно на 26 март, Македонија ќе гостува во Тондела. Овој натпревар е закажан за 21 часот.