Македонија и Црна Гора ќе играат пред публика, влезот е слободен

Женската репрезентација на Македонија ја очекува првиот натпревар од ЕХФ Евро Купот против селекцијата на Црна Гора.

Мечот ќе се одигра на 7 октомври в четврток во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:15 часот, а влезот ќе биде слободен.

Дозволено ќе биде присуство на 30% од капацитетот на салата, а тоа би било максимум околу 2.000 гледачи.

За влез во салата, гледачите ќе мора да поседуваат и приложат или сертификат за вакцинација или сертификат за прележан коронавирус во последните 45 дена.

По овој дуел во Скопје, избраничките на Љубомир Савевски ќе одиграат уште еден натпревар против истиот ривал, на гости во Никшиќ на 10 октомври од 20:30 часот.