Македонија и Грузија израмнети после првиот дел

Репрезентациите на Македонија и Грузија имаат нерешени 12:12 после првите 30 минути на првиот од двата контролни натпревари. Иако во поголемиот дел Македонија беше во предност, сепак, на одмор се заминува без водство.

Грузијците поведоа први, но брзо следуваше одговор со три погодоци, па во 5. минута резултатот беше 3:1. Овие два гола се чуваа, а брзо беа и зголемени. После 12 минути игра водството беше зголемено, а Македонија имаше 7:2.

Позитивата од пет погодоци даде можност за продолжение во кое контролата на резултатот беше без проблем. Постојано беше 3-4 разлика, но така беше некаде до 20. минута. Тука дојде до првата криза во играта. Првото исклучување придонесе за намалување на водството на само еден гол, а тоа се случи во 22. минута после серија од 3:0 за Грузија.

Не одеше најдобро ниту во продолжението, а Грузијците главно преку Чковребадзе го загрозуваа голот на Ристовски. Тоа ги донесе до можност за израмнување, а истото дојде во 27. минута при 12:12. Тој резултат остана до крај на првиот дел.

Поповски со четири гола беше најефикасен. Два имаа Велковски и Пешевски, а по еден постигнаа Талески, Кузмановски и Танкоски. Ристовски одбрани шест удари. Кај Грузија, Чковребадзе е најефикасен со пет гола.