Македонија загуби од Тунис на првиот тест во Алжир

Женската репрезентација на Македонија загуби на првиот од планираните два тест натпревари пред стартот на Медитеранските игри во Алжир.

Избраничките на Љубомир Савевски беа поразени со убедливи 11 голови разлика, 31-20 од селекцијата на Тунис.

Македонија би требало да одигра уште еден пријателски натпревар против репрезентацијата на домаќинот.

Дамите се во групата Б и ќе играат против Србија, Турција и Португалија на Медитеранските игри, а првиот меч на програмата е на 30 јуни.